Заврши постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба.
Оваа учебна година за прв пат во историјата општината од сопствени средства обезбедува училишна униформа која за секој ученик ќе биде бесплатна.
Со реализација на овој проект ги намалуваме трошоците на родителите, но ја намалуваме и класната разлика која се создава помеѓу учениците со што се постигнува степен на еднаквост помеѓу децата за време на престојот во училиштето.
Од денес во училиштата започнува евидентирање на учениците со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите.