радоначалникот
Бобан Стефковски ги подели бесплатните ученички униформи на учениците во општинското основно училиште Наум Наумовски Борче.
За прв пат, Општина Гази Баба обезбедува бесплатни ученички униформи за сите 6800 ученици.
Со реализацијата на овој проект обезбедуваме социјална еднаквост и на еден начин ги надминуваме економските и класните разлики кои можеби постојат помеѓу семејствата и овозможуваме тоа да нема никакво влијание врз учениците.
Приоритетна активност на учениците останува да биде зголемување на знаењето.
Градоначалникот Стефковски е посветен на создавањето амбинет за учениците да можат за време на престојот во училиштата да се чувствуваат пријатно, еднакво и без никакви предрасуди.