За прв пат оваа година, општина Гази Баба ги субвенционира оние ученици кои преку основните училишта се пријавиле на летниот камп, каде учество земаа 250 ученици од 11 основни училишта. Овој проектот се реализира во соработка со општинскиот сојуз на училишен спорт на општина Гази Баба.
Оваа мерка е уште една во низата нови мерки кои ги реализираме со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општината.
Викендот на покана на општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на училишниот летен камп организиран за учениците од општина Гази Баба. Учениците за време на престојот на кампот имаат можност да спортуваат, рекреираат, а најважно од се е можноста да се забавуваат и другаруваат помеѓу себе, a еден дел од кампот за учениците е и едукативен.
Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи да биде сојузник во реализација на проектите преку кои ќе даваме поддршка на учениците од нашите основни училишта.
{gallery}foto/2022/06/leten kamp/gallery{/gallery}
26.06.2022