Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше во ООУ „Дане Крапчев“
Со голема радост тој им ги додели бесплатните училишни униформи на нашите ученици.
Овој проект започна во 2023 година, за прв пат во историјата на општина Гази Баба.
Униформите се повеќе од облека. Тие се симбол на еднаквост и заедништво. Со нив сите ученици се дел од една иста заедница, без поделби и разлики.
За семејствата ова значи значајна поддршка на домашниот буџет, затоа што знаеме колку е важна секоја заштеда.
За нашите ученици пак, останува само една задача – да учат, да сонуваат и да се развиваат без предрасуди и без бариери.
Веруваме дека оваа мерка ќе им помогне на децата да се чувствуваат рамноправно и подеднакво вредно. На овој начин ја градиме иднината на Гази Баба како општина на еднакви можности.
Горди сум што ова ветување стана реалност и што секоја година над 6.800 ученици од општинските училишта добиваат униформи бесплатно.
Продолжуваме со проекти кои носат вистинска промена, поддршка и подобри услови за секое дете и секое семејство!