Советот на општина Гази Баба на денешната редовна седница го усвои буџетот на општина Гази Баба за 2023 година, со кој ќе обезбедиме подобри услови за сите граѓани.
Овој буџет е концепиран согласно реалните барања на граѓаните и истиот е резултат на сеопфатен граѓански дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во сите Урбани и Месни заедници, како и средби со стопанството и сите советнички групи во Советот на општината.
Со денешниот буџет определени се средства за:
– Нова детска градинка во Трубарево;
– Нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани;
– 12.000.000 денари за обезбедување на бесплатни униформи за сите ученици во општина Гази Баба;
– 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на локални улици;
– 0.000.000 денари за изградба на атмосферска канализација на Јордан Поп Јорданов во Маџари;
– 11.000.000 денари за нови спортски терени на вештачка трева и тартан подлога
– 7.000.000 денари за изградба на нови детски забавни катчиња;
– 7.000.000 денари за изградба на нови спортски терени на местото на старото училиште Вера Јоциќ во Хиподром;
– 3.500.000 денари за нови паркинг места на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда, како и средства за изработка на сообраќаен проект за воведување на зонското паркирање;
– 9.000.000 денари за дирекна финансиска помош на спортот во општината;
– Определени се и средства за субвенции на граѓаните за инвертер клима уреди, печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и чистење на оџаците;
– Обезбедени се средства и за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови и финансиска поддршка за реконструкција на кровови;
– Усвоивме развојна повеќегодишна програма за обезбедување на средства за продолжување на изградбата на нова мрежа на фекални канализации, но и многу други проекти;
Најголемиот дел од буџетот е наменет за реализација на капиталните инвестиции.
20.12.2022