Почитувани граѓани,
Ве информирамe дека на денешната редовна седница на предлог на градоначалникот
Бобан Стефковски Советот на Општина Гази Баба го усвои буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Следува година на силен развој за нас!
Со новиот буџет се определуваат средства за:
Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков;
Целосна реконструкција на Културниот дом во Ченто;
Изградба на нова детска градинка во Трубарево;
Изградба на нова детска градинка во Инџиково;
Изградба на нова детска градинка кај салонот Мерцедес;
Изградба на нов модул за фекална канализација во Јурумлери;
Изградба на нова последна фаза на фекална канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало;
Изградба на нови спортски терени;
Изградба на нови детски забавни катчиња;
Асфалтирање на локални улици;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди;
Субвенционирање на граѓаните за набавка и вградување на сончеви колектори;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети;
Субвенционирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас;
Субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците;
Опремување на ЈКП Гази Баба со нова механизација;
И многу други проекти кои во следниот период ќе бидат презентирани на граѓаните.Благодарност до граѓаните на Општина Гази Баба кои земаа активно учество во креирањето на буџетот за 2024 година и затоа овој буџет слободно може да го носи името “Граѓански буџет”.
А голема благодарност и до претседателот и членовите на Советот кои дадоа поддршка на идниот развој на Oпштина Гази Баба.
Не очекува година во која ќе се реализираат голем број на проекти со кои ќе ја направиме нашата општина подобро место за живеење!