Градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на почетокот на градежните работи за асфалтирање на улица 4 во населеното место Идризово.
Жителите велат: “По цели 66 години газење по кал и ние добиваме асфалт”. Решавањето на проблемите на граѓаните останува наш врвен приоритет.
Продолжуваме и во другите населени места со реконструкција и ревитализација на локални улици.