Денес градоначалникот
Бобан Стефковски направи посета на општинското основно училиште “Његош” во н.м Јурумлери, каде во тек се градежни активности за целосна реконструкција на електричната инсталација на површина од 1500 метри квадратни, како и изградба на нова водоводна мрежа и комплетно реновирање на училниците.
По 67 години од изградбата на ова училиште за прв пат се реализира ваква инвестиција со која плафоните од трска заминуваат во историјата.
Летниот одмор на учениците го користиме за реализација на гредежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба со цел создавање на подобри услови за воспитание и образование на нашите деца.