Градоначалникот Бобан Стефковски беше на увид на градежни работи за асфалтирање на краци од улица Сава Михајлов во Ченто.
Асфалтирањето на овие краци од улицата Сава Михајлов произлезе од барањето на граѓаните на една од средбите кои ги одржавме.
Имаме обврска, како локална самопуправа, преку работење да ја вратиме надежта кај граѓаните.
Со денешните градежни активности продолжува историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици во Општина Гази Баба.
Продолжува акцијата и во следните денови во останатите населени места.