Изградбата на фекалната канализација за населеното место Смилковци влегува во завршна фаза.
За таа цел, градоначалникот Бобан Стефковски и проект менаџерот на ЕУ-ИПА Георгес Папаџијаннис направија увид во изградбата на фекалниот колектор во Смилковци.
Проектот за фекалната канализација во Смилковци е финансиран од страна на ЕУ – ИПА прекугранична соработка.
Во следниот период покрај завршната фаза на изградба во н.м. Смилковци, ќе се започна втората фаза за изградба на фекалната канализација во н.м.Црешево, третата фаза на фекалната канализација во н.м. „Гоце Делчев“ и ќе продолжи поставувањето на приклучоците во населеното место Јурумлери.
06.04.2022