Утрово градоначалникот
Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Јурумлери, каде што се во тек градежни активности за изградба на атмосферските канали.
Дадени се насоки на економскиот оператор, кој е изведувач на градежните работи да се зголеми динамиката на активностите за изградба на атмосферската мрежа за веднаш потоа да се пристапи кон асфалтирање на улиците.