Градоначалникот Стефковски ја предводеше делегацијата на општина Гази Баба која положи свежо цвеќе на споменикот пред полициската станица од општа надлежност Гази Баба кој е поставен во чест на Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски кој загинаа за нашата Македонија.
Вооедно, тој присуствуваше и на затворениот состанок кој се оддржа во полициската станица на кој се разговараше за безбедносната состојба на територија на општина Гази Баба каде ги истакна проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани од аспект на безбедноста. Се надеваме дека во следниот период ќе се зголеми безбедноста на граѓаните и ќе видиме поголема ефикасност од страна на министерството за внатрешни работи.
14.11.2022