Поминаа 9 години од настаните кои се случија во Диво Насеље во кои загинаа осум припадници на безбедносните сили на Република Македонија кои два дена жестоко се бореа за својата татковина.
Денес кога населеното место Стајковци го чествува својот патрон, ги слави светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Бобан Стефковски положи свежо цвеќе пред споменикот на херојот Бобан Ивановиќ, со цел да испрати јасна порака до сите дека неговата жртва, не само што ќе остане во колективната меморија на нашата татковина, туку истата е и ќе биде пример, но и своевиден завет за тоа како се сака и брани Република Македонија.
Животите на Бобан, Горан, Жарко, Ненад, Сашо, Горан, Исамедин и Љубиша се вградени во темелите на Република Македонија.
Со оваа средба пред споменикот на херојот Бобан Ивановиќ докажуваме дека тагата не сплотува и не прави посилни и дека никој и ништо неможе да не отргне од нашата намера да ја сакаме и браниме нашата Република Македонија.