Денес, делегација од Општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски, одбележувајќи 22 години од неговото трагично загинување.
Неговото име останува врежано во историјата на Македонија како симбол на мирот, дијалогот и единството.
Човек кој веруваше во силата на помирувањето и во иднината на нашата татковина.
Државник кој ја носеше Македонија во срцето и работеше посветено за нејзиниот напредок.
Неговата жртва нè потсетува дека љубовта кон татковината значи одговорност, чесност и грижа за секој граѓанин.
Нека неговиот лик и дело бидат вечна инспирација за сегашните и идните генерации.
Вечна му слава и благодарност!