Градоначалникот Бобан Стефковски ја отвори сензорната соба во ООУ “Наум Наумовски Борче” која е единствена од ваков тип и креирана по сите стандарди.
Собата е осмислена целина која содржи три различни простори потребни за инклузивно образование и тоа: простор за сензорна интеграција, сетилна соба, и простор за изолација.
Во рамки на сензорната соба е изграден и тоалет прилагоден за лица со посебни потреби.
{gallery}foto/2023/mart/senzorna soba nnb/gallery{/gallery}
31.03.2023