Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со пратеничката Жаклина Пешевска присуствуваа на организираниот пикник во парк шумата Гази Баба кој се одржа по повод Денот на Европа.
На настанот тие се сретнаа и со Амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир, кој истакна дека парк шумата Гази Баба е одличен парк на природата каде голем број на граѓани денес имаа можност да уживаат со многу музика, спортски активности и детски работилници.
Гази Баба денес беше одличен домаќин на голем број граѓани.