Градоначалникот
Бобан Стефковски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, утрово излегоа на терен на регионалниот пат Р-1102 кој поминува низ населените места од Ергеле до Дрма во Oпштина Гази Баба.
На регионалниот пат во тек е акција за расчистување на вегетацијата, кастрење на дрвата и косење на високата трева.
Акцијата се реализира на барање на Општина Гази Баба, а истата ја спроведува ЈП Македонија пат по налог на Јавното претпријатие за државни патишта.
Оваа акција е значителна и со истата се зголемува безбедноста во сообраќајот со оглед на тоа дека возачите ќе имаат непречена видливост кон вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација која го регулира сообраќајот на регионалниот пат.
Значителен напредок има помеѓу соработката на единиците на локалната самоуправа со институциите на централната власт. Вакви барања како општина во минатото доставувавме често, но по истите никој не постапуваше.
Му благодараме на директорот
Коце Трајановски кој веднаш по нашето барање издаде налог за постапување.
Дополнително со директорот Трајановски уште еднаш беше потврдена заедничката определба за целосна реконструкција и рехабилитација на овој регионален пат кој е една од главните сообраќајни артерии во Општина Гази Баба.