Интензивно се работи на изградбата на првиот голем мултифункционален парк во Триангла, кој ќе зафаќа површина од над 2000 метри квадратни. Поголемиот дел од градежните работи ги реализира ЈКП Гази Баба.
Градоначалникот Бобан Стефковски направи увид во градежните работи за изградба на овој парк кои влегуваат во завршна фаза. Паркот е прв од ваков тип на територија на општина Гази Баба.
Тековно се работи и се поставува веќе парковското зеленило, а наскоро ќе започне и поставувањето на опремата за детско забавно игралиште со најсовремени реквизити, како и изградбата на фитнес зона на отворено која ќе биде дел од овој парк.
Следната недела во едниот дел од паркот ќе се изгради и паркот за миленици.
Со реализацијата на овој проект се урбанизира еден простор кој во минатото претставуваше место на кое најчесто се вршеше диво одлагање на отпад, а жителите на Триангла, Маџари и цела општина Гази Баба ќе добијат ново катче за одмор и рекреација.
{gallery}images/foto/2022/05/park-nov/gallery{/gallery}
07.05.2022