Во насока на транспарентно работење во кое последниот збор ќе го имаат граѓаните во Културниот дом Димитар Влахов во Автокоманда оддржавме јавна презентација на Сообраќајната студија за режим на сообраќај во Автокоманда, како и на предлогот за воведување на Зонско паркирање.
Градоначалникот Бобан Стефковски на оваа средба ја искажа својата решителност да се стави крај на деценискиот проблем кој го има Автокоманда со сообраќајниот хаос.
Спроведена беше и теренска анкета со посета на сите домаќинства во Автокоманда на која мнозинството од домаќинствата даде поддршка на пакетот кој е понуден на граѓаните во Автокоманда за воведување на Зонско паркирање.
{gallery}foto/2023/fevruari/parking_avt/gallery{/gallery}
22.02.2023