Со овој договор, како општина Гази Баба добиваме висококвалитетни прочистувачи за воздух кои ќе бидат поставени во детски градинки и основни училишта во нашата општина.
Амбиенталниот воздух што го дишеме секојдневно има директно влијание врз нашето здравје, особено кај најмладата популација – децата.
Затоа, вложувањето во прочистувачи на воздухот во образовните и предучилишните установи е чекор што директно влијае на заштитата и благосостојбата на децата.
Прочистувачите кои ќе бидат испорачани се:
–Со висока ефикасност – способни да отстранат ПМ-честички, полен, прашина, бактерии и други загадувачи
–За намалување на ризикот од астма, алергии и инфекции
–За чист и свеж воздух во секоја училница и занимална
Ова не е само техничка мерка – ова е грижа, визија и одговорност.
Изразувамe искрена благодарност до Владата на Република Македонија, до генералниот секретар г. Игор Јанушев и до премиерот г. Христијан Мицкоски за нивната поддршка и јасната заложба за заштита на јавното здравје и животната средина.
Како општина, продолжуваме да вложуваме во квалитетот на животот, образованието и здравјето на нашите деца.
Заедно градиме поздрава, понапредна и посигурна иднина!