Продолжуваме со силни инвестиции во ЈКП Гази Баба, затоа што грижата за вработените значи подобра услуга за граѓаните.
Ги подобруваме условите за работа и вложуваме директно во безбедноста, достоинството и ефикасноста на секој вработен.
Извршена е набавка на нова, комплетна заштитна опрема за секој вработен, која вклучува:
– Маица со краток ракав;
– Работно одело;
– Заштитни чевли (ниски);
– Заштитни чизми;
– Појас за работа на висина;
– Јаже за позиционирање;
– Двојно јаже;
– Елек;
– Кабаница за дожд;
– Ракавици;
– Шлемови;
– Заштитни наочари.
Во изминатиот период во повеќе наврати ги зголемивме платите, а со тој позитивен тренд ќе продолжиме и во иднина – затоа што трудот мора да се вреднува.
ЈКП Гази Баба е сервис на граѓаните, а наша обврска е да создадеме безбедни, современи и достоинствени услови за работа, со цел поквалитетни и поефикасни услуги за сите.
Инвестираме во луѓето.
Инвестираме во безбедноста на вработените.
Инвестираме во иднината на Гази Баба.
Заедно градиме посилна и поодговорна општина!