Утрово претставниците на Синдикалната организација во општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски потпишаа измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба за 2800 денари.
Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што допринесе за донесување на оваа одлука.
Оваа мерка дополнително е и за да се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите.
20.07.2022