Голем број на љубители на мото културата од Гази Баба, Скопје, Македонија и цел балкан вечерва беа на плоштадот во Автокоманда на вториот мото фест.
На мото фестот му претходеше делифе низ Oпштина Гази Баба во кое учествуваа над 100 мотори.
Овој настан го организираме во соработка со мото клубот Гардиан Енџелс. Градоначалникот
Бобан Стефковски им честита на луѓето од мото клубот кои со голема љубов и енергија се вложуваат во развивањето на мото културата во Гази Баба.
Како локална самоуправа изминатиот период преку организација на културни настани со сите музички жанрови за сите генерации докажавме како се развива културата во општината.
Овој музички настан од минатата година стана традиција во нашата Гази Баба и од година во година ќе прераснува во еден општински бренд.