По повеќе од 70 години чекање, коцката конечно заминува во историјата, а Маџари добива современа, безбедна и функционална сообраќајница!
Денес градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид во градежните активности и потврди дека работите се одвиваат со добра динамика и согласно предвидениот план. Овој проект е исполнување на едно долгогодишно барање на жителите од овој дел на Маџари.
Пред да започнеме со асфалтирањето, одговорно и темелно ги реализиравме клучните инфраструктурни зафати:
– изградба на атмосферска канализација, со што се решава проблемот со одведување на атмосферските води;
– изградба на водоводна мрежа, за сигурно и квалитетно водоснабдување на домаќинствата.
Покрај асфалтирањето на коловозот, проектот предвидува и изградба на нови пешачки патеки со павер елементи, кои ќе обезбедат поголема безбедност за пешаците, подобра пристапност и уреден изглед на улицата.
Го реализираме и овој проект, кој жителите на Маџари го чекаа цели 70 години. Ова е уште еден доказ дека кога има посветеност, работа на терен и искрена грижа за граѓаните – резултатите се видливи и трајни.
Маџари заслужува подобра инфраструктура, подобри услови за живот и проекти што носат реални промени во секојдневието на луѓето.
Продолжуваме посветено, чесно и одговорно – за народот!
Продолжуваме со дела, а не со зборови.
Продолжуваме чекор по чекор да ги решаваме децениските проблеми.