Започнаа градежните активности за реконструкција и ревитализација на улицата Модест Мусоргски во Триангла.
Чичко Драган од Триангла ни истакна меѓудругото дека по цели 60 години конечно некој се сети на оваа улица.
Оваа улица е изградена по земјотресот во 1963 година и по 60 години истата добива нов модерен и урбан лик.
Со градежните активности за реализација на овој проект се предвидува асфалтирање на коловозот и изградба на пешачки патеки со павер елементи од двете страни на улицата.
Вредноста на договорот е 4.000.000 денари, средства определени од буџетот на Општина Гази Баба.
Секое населено место заслужува подобри услови за живот. Од ден за ден, работиме на остварување на сонот на граѓаните за поубава Гази Баба да стане реалност.