Градоначалникот Бобан Стефковски одржа работен состанок со претседателите и секретарите на Месните и Урбаните заедници со што го означи почетокот на сеопфатниот граѓански дијалог за креирање на буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година.
Дијалогот започнува со Месните и Урбаните заедници бидејќи тие се основната клетка на локалната самоуправа.
Во следните денови ќе се одржат граѓански форуми на терен во населените места на кои директно со граѓаните ќе го креираме буџетот.
За секоја средба ќе информираме јавно со цел секој граѓанин да има можност да присуствува!
Граѓаните одлучуваат, а наша обврска е да им служиме на нив!