Градоначалникот Бобан Стефковски ги потпиша првите решенија со кои ќе се исплатат по 3000 денари на семејства кои имаат првоодделенче.
Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба оваа година. Ги повикуваме сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата.
Потребни документи:
потврда од основно училиште,
извод од матична книга на родени,
копија од лична карта на еден од родителите,
копија од трансакциска сметка.
Сите семејства од подрачјето на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче ќе добијат по 3000 денари еднократна парична помош.
03.06.2022