Официјално започна изградбата на првиот малопродажен парк “Fashion Park Triangla” во Триангла. Она што го прави посебен е новиот концепт на визуелно дизајнирани продавници со нов начин на изведба и материјали, нешто што е препознатливо низ Европа.
Преку оваа инвестиција, Општина Гази Баба продолжува да се модернизира и истиот ќе донесе нова енергија за нашите сограѓани. Овој проект кој е според сите светски стандарди, ќе привлече голем број на посетители, кои ќе уживаат во содржините кои ги нуди проектот.
Овој проект е од огромно значење и за Гази Баба но и за Скопје пред се поради фактот дека Скопје ќе се позиционира како лидер во овој дел од регионот и претпознатлив по ваков тип на објекти.
Дополнително со реализацијата на овој проект се обезбедува и отворање на нови работни места.
Фешн Парк Триангла се простира на површина од 15.000 м2, од кои 6.500 м2 површина за изнајмување, а во рамки на проектот има и бизнис центар и хотел од 5.000 м2, како и подземен паркинг со над 200 паркинг места.
Општина Гази Баба секогаш кога во прашање ќе бидат нови инвестиции кои имаат за цел општо добро ќе биде партнер со бизнис заедницата.