Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, официјално го означија почетокот на целосната реконструкција на улицата Перо Наков – една од најважните и најфреквентни сообраќајници во овој дел од Општина Гази Баба.
Оваа улица секојдневно ја користат голем број граѓани, како жители на околните населби, така и возачи кои ја користат како значајна врска помеѓу повеќе клучни градски сообраќајници. Таа претставува важна комуникациска артерија.
Реконструкцијата се однесува на делницата од бул. Киро Глигоров до ул. Вера Радосавлевиќ, каде што ќе се изврши целосна санација на коловозот, со што значително ќе се подобрат условите за сообраќај и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Проектот опфаќа:
– изградба на безбедни пешачки патеки;
– изградба на атмосферска канализација;
– поставување ново улично осветлување.
Со оваа реконструкција не само што се подобрува инфраструктурата, туку директно се унапредува и квалитетот на живот на граѓаните, се зголемува безбедноста, а просторот добива современ и функционален изглед.
Голема благодарност до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски за поддршката, посветеноста и заедничката работа во интерес на граѓаните.