Утрово на игралиштето на ФФМ градоначалникот Бобан Стефковски го отвори турнирот во мал фудбал за млади категории “Гази Баба Куп 2022”.
Овој турнир општина Гази Баба го организира заедно со Фудбалската федерација на Македонија, Здружението на граѓани “Спорт Јуниор” и Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба.
На турнирот ќе учествуваат над 1000 дечиња од клубови во Република Македонија но и познати клубови надвор од Македонија.
Општина Гази Баба е најспортската општина во Скопје и тоа го докажуваме преку секојдневните инвестиции во спортот. Спортот ги учи младите дека целта се постигнува преку почитување на правилата на игра.
{gallery}foto/2022/08/ffm/gallery{/gallery}
26.08.2022