Градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид во градежни работи за изградба на ограда во подрачното училиште на ООУ Наум Охридски во Раштак.
Реализацијата на овој проект доаѓа како барање на граѓаните од ова населено место.
Со овој проект ќе се изгради ограда во должина од 300 метри и вредноста на истиот е 4.700.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба.