Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со инспекторите од Секторот за инспекциски работи на Општина Гази Баба и со припадници на Министерството за внатрешни работи, започнаа вонредни теренски контроли во населените места Смилковци и Црешево.
Целта е една – да ги санкционираме сите кои несовесно и крајно неодговорно ја злоупотребуваат водата, на штета на целиот систем и на совесните граѓани.
Градоначалникот нема да дозволам неколкумина поединци да предизвикуваат недостаток на вода за цели населени места. Затоа, инспекциските тимови ќе излегуваат секој ден и секоја ноќ, без најава, сè додека не ставиме крај на оваа појава.
Секој што ќе биде фатен дека ја злоупотребува водата – ќе биде санкциониран, без исклучоци.
Доста беше! Граѓаните што почитуваат правила нема да бидат заложници на оние кои мислат дека правилата не важат за нив.