Градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за асфалтирање на улицата Модест Мусоргски во Триангла.
Реализацијата на проектот чини 4.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба.
Со реализација на проектот се изградија пешачки патеки од двете страни на улицата и се изврши гребење и асфалтирање на целиот коловоз во должина од 410 метри.
Во периодот пред нас,
ЈКП „Гази Баба 2007“ ќе изврши хортикултурно уредување на делови покрај улицата.
Ова е уште еден реализиран проект со кој се подобрува патната инфраструктура во Општина Гази Баба.