Заедно со дечињата од СОС Детското село и преставници на финансиското друштво Иуте Македонија засадивме 150 нови садници дрва на просторот околу спортскиот терен Солидарност во близина на Детското село.
Секое дете кое е згрижено во СОС Детско село доби свое дрво за кое во иднина ќе се грижи!
Засадените 150 садници дрва се донација од финансиското друштво Иуте Македонија.
Со оваа реализирана активност како локална самоуправа започнуваме со предвидените активности кои ќе ги реализираме во пресрет на 21 Март, Денот на пролетта во чии рамки ќе се засадат нови 5000 садници на територија на целата општина.
Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите на Општина Гази Баба, а доказ за тоа се реализираните проекти во оваа област.