Oпштина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие ГАЗИ БАБА 2007, организираше акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак.
Во рамките на акцијата се насадија 3200 садници од листопадни видови на дрвја- јасен и багрем. Оваа иницијална акција на општина Гази Баба е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на општината. Со тоа се спречува уништувањето на квалитетната почва за земјоделие на пониските терени со наноси од еродивните подрачја, се зголемува зелениот фонд на општината и значително се влијае на подобрување на квалитетот на животната средина.
На акцијата присуствуваше и градоначалникот Бобан Стефковски кој истаккна дека заштитата на животната средина останува на врвот на нашите приоритети и заклучно со денешната реализирана акција, досега се засадени над 4000 нови садници во Гази Баба.
{gallery}foto/2022/03/27032022/saracevo/gallery{/gallery}
27.03.2022