Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претставници на Централна кооперативна банка реализираа акција за засадување на високо школувани дрва во мултифункционалниот парк во н.Триангла.
Во акцијата која се реализира во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, беа засадени црвени сливи, магнолија, јапонски цреши и врби.
Општина Гази Баба негува партнерски однос со сите општествено одговорни компании и организации.