Се одигра финалниот натпревар на турнирот во мал фудбал на игралиштето со вештачка трева во Инџиково кој се организира меморијално во слава и чест на загинатите бранителот Горан Стојменовиќ и младото момче Бојан Арсенков кои биле жители на ова населено место.
Честитки до организаторите за добрата организација на овој спортски настан кој од година во година добива се поголеми размери.
Општина Гази Баба и градончалникот Бобан Стефковски во иднина ќе овозможуваат силна поддршка за организацијата на овој спортски настан.