Изминатиот период се реализираа градежни активности за асфалтирање на новопроектирана улица 7.2 во Маџари.
Продолжуваме со инвестиции во патната инфраструктура во сите населени места низ Oпштина Гази Баба.
Современата, безбедна и ефикасна патна инфраструктура значи олеснување на мобилноста на граѓаните.
Во изминатиот период, сведоци сме на реализација на значајни проекти во патната инфраструктура. Со овие инвестиции, не само што подобрува инфраструктурата, туку се создаваат и услови за рамномерен регионален развој.
Но нашата работа не запира тука. Напредокот бара континуирана инвестиција, транспарентност и ефикасна реализација на проектите. Нашата цел е да изградиме инфраструктура која ќе биде симбол на урбана Гази Баба – поврзана, достапна и подготвена за иднината.