Врз основа на член 22 став (1) точка 3 и член 62 став (1) од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 151 став (2) од Деловникот на Советот на Oпштина Гази Баба (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.4/06 и 12/13), во согласност со Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.14/22), Правилникот за финансиска поддршка за организација на манифестацијата за храна, угостителство, туризам и култура (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.08/23) и Правилникот за измена на правилникот за финансиска поддршка за организација на манифестацијата за храна, угостителство, туризам и култура (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.11/23), Градоначалникот на општина Гази Баба објавува
Јавен повик
за финансиска поддршка за организација на манифестација за храна, угостителство, туризам и култура за 2023 година
I
Јавниот повик се објавува за реализирање на следниот проект:
II
Право на учество на јавниот повик имаат сите здруженија на граѓани, фондации, установи, трговски друштва и маркетинг агенции.
III
Во рамките на овој Јавен повик финансиски ќе бидат поддржани манифестации кои ќе допринесат за развој во следните области:
IV
Временска рамка и начин на распределба на средства
Средствата се однесуваат за 2023 година. Користењето на доделените средства ќе биде регулирано согласно потпишан Договор со Општина Гази Баба.
V
Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните апликанти кои учествуваат на овој повик се:
VI
Проценка на квалитетот на проектите
Проценката на квалитетот на проектите на заинтересираните апликанти кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на критериуми, достапни со пријавата. Изборот на најдобрите предлог проекти ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалник на општина Гази Баба.
Приоритени области :
VII
Потребна документација која апликантот треба да ја достави кон Пријавата
Покрај пријавата која што треба да биде пополнета (дигитално со печатни букви на кирилично писмо), потпишана од надлежното лице и заверена со печат на здружението, фондацијата, трговското друштво, установата или маркетинг агенцијата апликантот задолжително треба да ги достави следниве прилози:;
Напомена: Пријавите со непотполна документација или кои што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.
VIII
Период на реализација на проектот
Еден цел ден во периодот Септември – Октомври 2023г. (во консултација со општина Гази Баба).
IX
Вкупниот буџет за оваа финансиска поддршка
X
Рок и начин на доставување на пријавите
Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и достават во печатена форма, и електронска форма на CD во PDF формат, до Архива на општина Гази Баба, ул. Архимедова бр.2, најдоцна до 16 часот на 18.08.2023 година;
Електронската верзија на докуметацијата треба да се достави и на следната e-mail адреса: contact@gazibaba.gov.mk
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во затворен коверт на адреса: Општина Гази Баба – Скопје, Сектор за локален економски развој и европски интеграции, ул. “Архимедова“ бр.2, 1000 Скопје (со назнака – Сектор за локален економски развој и европски интеграции – Пријава за јавен повик за финансиска поддршка за организација на манифестација за храна, угостителство, туризам и култура за 2023 година)
Апликантите на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на објавување на Јавниот повик.
Пријавата за финансиска поддршка, критериумите за избор и финансиската конструкција се достапни во просториите на општина Гази Баба, Сектор за локален економски развој и европски интеграции, барака бр.6, секој работен ден од 9.00 до 16.00 часот и на интернет страната на општина Гази Баба – www.gazibaba.gov.mk .
Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Сектор за локален економски развој и европски интеграции на следната e-mail адреса:
1_Правилник_Вкусовите на Гази Баба_13 02 23
1А_Правилник за измена на Правилник_Вкусовите на Гази Баба-03 07 23
2A_Јавен Повик – Измена_Вкусовите на Гази Баба_2023