
Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), а во врска со глава IV точка 6 од Програмата на активности на Секторот за заштита на животната средина и природата на подрачјето на општина Гази Баба за 2026 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25) и Одлуката за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домаќинства (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/23 и бр.02/25), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домаќинства во 2026 година
1.1. Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина со кој се соочува нашата општина е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух, особено со партикуларните честички ПМ10 и ПМ2,5. Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени кон централно греење, пред сè заради нецелосно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, несоодветно складирање на дрвото, употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовното чистење и одржување на оџаците.
1.2. Оваа мерка има цел да ги постигне следните ефекти:
1.3. Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистење на оџаци се во нето износ од 1.200,00 денари по домаќинство. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.
1.4. Јавниот повик ќе трае во периодот од денот на неговото објавување, заклучно со 30.11.2026 година, односно, сè до искористување на финансиските средства предвидени за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба за 2026 година.
2.1. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик односно, кои го исчистиле оџакот на својот дом во период од денот на објавата на Јавниот повик до 30.11.2026 година, односно, до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба за 2026 година.
3.1. Барателот треба да ги исполни следниве услови:
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество во Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
4.2. Само едно лице од домаќинство може да аплицира за добивање на субвенција за исчистен оџак.
4.3. Барателот своето барање за искористување на правото за надоместок, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул. „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домаќинства.”
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута) заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.1. За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домаќинства во 2026 година.
5.2. Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до 30.11.2026 година, односно до нивно целосно искористување, на својата веб страна (www.gazibaba.gov.mk)
5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до трошење на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Гази Баба, на својата веб страна ќе го објави завршувањето на Јавниот повик.
6.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите од Јавниот повик.
6.2. Согласно Изборниот законик од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за Градоначалник и членови на советот, па до денот на објавување на конечност на резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија, Онема да се врши исплата на решенијата од потточка 6.1.
6.3. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето барателите кои не ги исполниле условите од Јавниот повик.