Дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Гази Баба ќе се одржи на 06.07.2023 година (четврток) со почеток во 12 часот.
За работата на седницата е предложен следниот Дневен ред:
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови на комисијата за финансии и Буџет на Советот на Општина Гази Баба;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови на комисијата за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина на Советот на Општина Гази Баба;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за одржување на јавната чистота на јавните површини, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Програмата за одржување на јавното зеленило на јавните површини, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за водоснабдување на населените места во руралниот дел на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП ”Гази Баба – 2007” – Скопје, за регулиран период 2022 – 2024 година;
- Предлог – Заклучок за усвојување на корегиран извештај за остварување на приходите и извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба, за периодот јануари – март 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбано планирање ”Ф” на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за улично осветлување на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за основното образование на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2023 година; и
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.