Врз основа на член 50 став 1 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” број 05/02), а согласно Програмата за локален економски развој („Службен гласник на Општина Гази Баба” број 17/21), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗБОР НА БИЗНИС ИНКУБАТОР ИЛИ АКСЕЛЕРАТОР ЗА ПОДДРШКА
НА ТРИ СТАРТ АП ФИРМИ ОД СФЕРАТА НА ПРИРОДНИТЕ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- ЦЕЛИ
- Потикнување на старт ап фирмите со седиште во општина Гази Баба во градење на одржливи green деловни решенија во сферата на природните и техничи науки.
- Да се мотивираат старт ап фирмите да размислуваат green и иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање.
- Да се охрабрат старт ап фирмите да ги усовршуваат своите знаења и вештини во сферата на циркуларна економија преку изнаоѓање на иновативни и green решенија за потребите на локалната заедница.
- Целни области: управување со отпад, управување со води и третман на отпадни води, шумарство и земјоделие, урбана средина, климатски промени.
- КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА
Бизнис инкубаторот или Акцелераторот кој ги исполнуваат следните услови:
- Да постои минимум 10 години како правно лице:
- Да има тренинг центар за одржување на обуки за бизнис план со канцелариски простор од минимум 500м² и минимум 10 канцеларии за бизнис инкубација:
- Да има минимум двајца вработени кои се предавачи за започнување бизнис:
- Да биде активен во областа на едукација на млади за започнување бизнис најмалку 10 години;
- ОБВРСКИ НА БИЗНИС ИНКУБАТОРОТ ИЛИ АКСЕЛЕРАТОРОТ
- Подготовка на конкурс за изразување на интерес на старт ап фирми за учество во акселераторската програма и и натпреварот во бизнис планови, на проектните тимови и старт ап фирми од сферата на природните и технички науки со седиште во општина Гази Баба;
- Формира Комисија за оценка и избор согласно член 5, став 3, од Правилникот;
- Објава на конкурсот на веб страните и социјалните медиуми на општината и бизнис инкубаторот или акселератот, и во еден печатен медиум;
- Целосно опремен канцелариски простор во времетраење од една година за избраните три старт ап фирми;
- Покриени трошоци за регистрација на старт ап фирма во Општина Гази Баба;
- 10 – неделна акцелераторска програма за зелени бизниси имплементирана од избраниот Бизнис инкубатор или Акселератор:
- Онлајн работилници во периодот Јули – Октомври 2022 година:
- разбирање на циркуларна вредност,
- политики за животна средина и релевантна правна рамка,
- предлог за циркуларна вредност,
- синџир на циркуларна вредност,
- циркуларна вредност со прототипирање,
- имплементација на циркуларно решение,
- пристап до финансии и
- интелектуална сопственост.
- 1:1 менторство
- Настан за презентација на идеите
- БУЏЕТ
- Вкупниот буџет за оваа финансиска поддршка изнесува 600.000 (шестстотини илјади) денари.
- Буџетот на поединечен избран старт ап не може да надминува 200.000 (двестотиниилјади) денари.
- Општина Гази Баба со избраниот Бизнис Инкубатор или Акселератор ќе склучи Договор за организирање на обука за започнување на бизнис и натпревар за бизнис план, како и канцелариски простор за инкубација во период од една година, на три старт ап фирми од сферата на природните и технички науки со седиште во општина Гази Баба
- Средствата ќе бидат исплатени по потпишување на договорите помеѓу бизнис инкубаторот или акселераторот и избраните три старт ап фирми, а согласно начинот на искористивање на финансиските средства образложен во точка 2, ставка d од Правилникот;
- Општината го задржува правото да не ги исплати сите финансиски средства доколку нема доволно квалитетни бизнис идеи или не се исполнети условите за доделување на финансиски средства согласно Правилникот.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Бизнис Инкубаторот или Акселераторот е должен да ја поднесе следната документација:
- Достава на писмена изјава заверена на нотар за располагање со канцелариски простор минимум 500м² и минимум 10 канцеларии наменети за бизнис инкубација. Писмената изјава ќе биде проверена со увид на лице место;
- Достава на листа на вработени од Агенцијата за вработување на Република С. Македонија за двајца вработени во Бизнис инкубаторот или Акселератор не постара од 30 дена до денот на достава на документацијата;
- Достава на најмалку 10 договори со кои ќе ја докаже својата активност во едукација на млади за започнување бизнис од најмалку 10 години;
- Да се достави Тековна Состојба на бизнис Инкубаторот или Акселераторот од Централен Регистар не постара од 30 дена до денот на достава на документацијата;
- РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Апликацијата со потребната документација Бизнис инкубаторот или Акселератор ја поднесуваат во затворен плик преку Архивата на Општина Гази Баба до комисијата за спроведување на постапката;
- Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и достават:
- Во печатена форма, и
- електронска форма на CD во PDF формат,
- До Архива на општина Гази Баба, ул. Архимедова бр.2, најдоцна до 16 часот на 05.2022 година
- Електронската верзија на докуметацијата треба да се достави и на следната e-mail адреса: contact@gazibaba.gov.mk
- ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- За сите дополнителни информации можете:
- Да не посетите во општина Гази Баба- сектор за ЛЕР и ИКР на адреса Архимедова бр. 2
- Да ни пишете на електронската адреса: contact@gazibaba.gov.mk
Правилник
Јавен повик
23.03.2022