Врз основа на членот 11 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја (“Службен весник на Република Македонија“ броевите 66/2004, 89/2008, 152/2015 и 103/2021) и Одлуката за подигање на спомен-обележје (биста) на Гоце Делчев (1872-1903), великан на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на XIX век и почетокјот на XX век, број 09-321/2014 од 30 март 2015 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 5/2015), Одборот за подигање на спомен-обележја (бисти) на Дане Крапчев и Гоце Делчев (во натамошиот текст: Одбор), на втората седница одржана на 2 октомври 2023 година во Скопје, распишува
КОНКУРС БРОЈ 1/2023
за изработка на идеен проект за спомен-обележје (биста) на Гоце Делчев
(1) Предмет на конкурсот: Изработка на идеен проект за подигање на спомен-обележје (биста) на Гоце Делчев (1872-1903), великан на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на XIX век и почетокјот на XX век со постамент.
(2) Опис на спомен обележјето: Скулптура изведена во траен материјал, која се вклопува во естетската целина на зададениот простор.
(3) Местоположба на спомен обележјето: центарот на населбата Гоце Делчев, општина Гази Баба, на КП 564/2 КО Трубарево.
(4) Конкурсот е јавен и анонимен. На конкурсот можат да учествуваат домашни и странски правни и физички лица.
(5) Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Секој од учесниците има право да учествува со по еден идеен проект.
(6) Идејниот проект треба да ги содржи сите елементи во Проектната програма, утврдена од Одборот.
(7) Пресметковната вредност на спомен обележјето изнесува не повеќе од 229.000 денари.
(8) Доколку пристигнатите идејни проекти ги задоволуваат условите од Проектната програма, ќе се доделат 15.000 денари награда на избраниот идеен проект.
(9) Изборот на идејниот проект ќе го изврши Одборот со мнозинство гласови на неговите членови.
(10) Одборот ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 10 дена од денот на завршувањето на конкурсот.
(11) Идејните проекти треба да се предадат во архивата на општина Гази Баба – Скопје, на улица Архимедова број 2, најдоцна 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот заклучно со 19 ноември 2023 година, до 16.00 часот.
(12) Проектната програма за конкурсот може да се подигне во Архивата на општина Гази Баба, по претходна уплата на неповратни средства од 500 денари на следната сметка:
– Назив на примачот: Општина Гази баба – Скопје
– Банка на примачот: Народна банка на Република Македонија
– Трезорска сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетскиот корисник: 777014107663019
– Приходна шифра: 725939
– Програма: 00
– Цел на дозната: Уплата за проектна програма по конкурс број 1/2023.
(13) За дополнителни информации заинтересираните учесници можат да се јават на телефон 070 255 735 секој работен ден од 10 до 13 часот.