Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на РМ” бр.05/2006), Програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2023 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/2022) и Измена на Програма за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2023 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ бр.16/2023) Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување интерес за реализација на програмската активност за новогодишни пакетчиња за деца во социјален ризик
До сите Здруженија на граѓани и организации регистрирани на територијата на Општина Гази Баба, заедно со општината да реализираат социјално хуманитарна активност за ранливи категории.
За реализација на активноста општината ќе обезбеди финансиски средства, предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година, од Програмата за социјална заштита на Општина Гази Баба за 2023 година Измена на Програма за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2023 година во износ од 220.000,00 денари.
Здружението или организацијата потребно е да обезбеди:
– дистрибуција на новогодишни пакетчиња за ранливи категории
– сопствен превоз
– ангажирање на волонтери
Заинтересираните субјекти потребно е да достават:
1. Пријава
2. Статут и Решение за регистрација
Пријавата со целокупната документација се доставува преку пошта, на адресата на Општина Гази Баба ул.„ Архимедова“ бр. 2 1000 Скопје, или во архивата на Општина Гази Баба секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот, во зaтворен плик со назнака “За јавен повик за пројавување на интерес за реализација на заедничка активност – набавка и поделба на новогодишни пакетчиња, “со ознака “Не отворај” (на кој ќе биде точно наведено час и датум на архивирање).
Јавниот повик трае 5 (пет) дена од објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба.
Напомена: Пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА