Врз основа на точка 3 од Програмата на Секторот за заштита на животна средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2024 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23) и Правилникот за користење на финасиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на велосипед (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.4/23 и бр.2/24), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето
на Општина Гази Баба за купување велосипеди во 2024 година
1.1. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед од Република Македонија во период од денот на објавувањето се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипеди.
1.2. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед од Република Македонија во период од денот на објавувањето се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба и кои немаат искористено субвенција за купување на нов велосипед.
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
4.2. Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
4.3. Купувачот на новиот велосипед своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување велосипеди во 2024 година”
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата
5.1.За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување велосипеди во 2024 година.
5.2.Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување.
5.3.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4.Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Гази Баба ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.
6.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
6.2. Решенијата од потточка 6.1 за усвојување на барањата за исплата на предвидените средства, ќе започнат да се применуваат од денот на објавување на конечните резултати за избор на претседател на Република Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година, од Државната изборна комисија.
6.3. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог – БАРАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ 2024