Врз основа на точка 6 од Програмата на активности на Сектор за заштита на животна средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2024 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23), и Правилникот за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/23), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба
за чистење на оџаци во своите домови
(1.1) Најголемиот проблем во областа на заштита на животната средина, со кој сесоочува нашата општина, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларни честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се заради нецелосното и несоодветното согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото и начинот на неговото чување и употреба на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.
(1.2) Мерката има цел да ги постигне следните краткорочни и некои подолгорочни ефекти:
-постигнување на подобро согорување и намалување на штетните отпадни гасови,
-намалување на саѓи,
-заштита од пожари,
-заштита на животна средина и природата, и
-подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.
(1.3) Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистење на оџаци се во нето износ од 1.200,00 денари по домаќинство. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.
(1.4) Јавниот повик ќе трае од денот на објавување вклучувајќи ги реализираните активности за чистење, заклучно со 30.11.2024 година, односно до искористување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
(2.1) Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик односно кои го исчистиле оџакот на својот дом во период од објава на Јавниот повик, до 30.11.2024 година односно се до исцрпувањето на средствата наменети за оваа намена во Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
(3.1) Барателот треба да ги исполни следниве услови:
(4.1) За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
(4.2) Само едно лице од домаќинство може да аплицира за добивање на субвенција за исчистен оџак.
(4.3) Барателот своето барање за искористување на правото за надоместок, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови”
(4.4) Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
(5.1) За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови за 2024 година.
(5.2) Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до 30.11.2024 година односно до нивно целосно искористување на својата веб страна (www.gazibaba.gov.mk)
(5.3) Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до трошење на предвидениот буџет за оваа намена.
(5.4) Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Гази Баба ќе го објави завршувањето на Јавниот повик на својата веб страна.
(6.1) Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
(6.2) Решенијата од потточка 6.1 за усвојување на барањата за исплата на предвидените средства, ќе започнат да се применуваат од денот на објавување на конечните резултати за избор на претседател на Република Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година, од Државната изборна комисија.
(6.3) Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог – БАРАЊЕ ЗА ОЏАЦИ 2024