Врз основа на точка 5 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23) и Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата од (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/23) Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2024 година
1. Опис на Јавниот повик
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.
Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23), средствата за оваа намена се обезбедени во Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Ќе бидат надоместувани само дел од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик.
Надоместок на дел од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, ќе се врши за само 1 (едно) возило во семејство.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2024 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), во два печатени медиуми.
2. Услови за учество на Јавниот повик
Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 01.01.2007 година, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.
Барателот е потребно да ги исполни следните услови:
3. Документација потребна за пријавување
4. Начин на пријавување на Јавниот повик
Барањата заедно со потребната документација се доставуваат во затворен плик до општина Гази Баба, ул.”Архимедова” бр.2, Скопје, секој работен ден од 7:30 до 16:30 часот.
На пликот треба да стои:
До Општина Гази Баба
За ”Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2024 година”, со назнака ”НЕ ОТВОРАЈ”.
Секој барател има право да поднесе барање за само едно возило во семејство.
При поднесување на барањето, барателот од писарницата на општина Гази Баба добива архивски број со датумот и време на поднесување на барањето.
Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во писарницата на општина Гази Баба.
Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени со јавниот повик, ќе се прави по принципот ”ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН” односно по редослед на поднесување и пристигнување на барањата во писарницата на општина Гази Баба.
Доколку средствата се исцрпат додека се уште трае јавниот повик, општина Гази Баба ќе објави известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.gazibaba.gov.mk.
Барањата кои се некомплетни ќе бидат одбиени.
Барањата кои ќе пристигнат по завршување на рокот за аплицирање и по затварање на Јавниот повик нема да бидат разгледувани.
5. Начин на остварување на правото на надоместок
За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 на јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2024 година.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Решенијата од за усвојување на барањата за исплата на предвидените средства, ќе започнат да се применуваат од денот на објавување на конечните резултати за избор на претседател на Република Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година, од Државната изборна комисија.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог – Нотарска изјава за субвенционирање ТНГ 2024; БАРАЊЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ТНГ ЗА 2024.