Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), и точка 19 алинеја 6 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2025 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.24/24), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВЕЛО РОДЕО
1.Краток опис
Заштитата на животната средина е една од најважните обврски на современото општество. Соочени со последиците од климатските промени, загадувањето и прекумерната експлоатација на природните ресурси, потребно е да преземеме одговорни чекори кон одржлив развој. Еден од најефикасните и најдостапни начини за намалување на негативното влијание врз животната средина е унапредувањето на велосипедизмот како еколошки вид на транспорт. Возењето велосипед не само што ја намалува емисијата на штетни гасови, туку и придонесува за подобро здравје, почиста животна средина и поквалитетен урбан живот. Поддршката на велосипедската инфраструктура и поттикнувањето на граѓаните да користат велосипеди претставува инвестиција во иднината на планетата и добробитта на сите нејзини жители.
За таа цел Општина Гази Баба го распишува овој повик со кој треба да се организира настан кој ќе има за цел има за цел да поттикне активна и одржлива мобилност кај најмладите жители на општината, преку практични, едукативни и забавни активности поврзани со возење на велосипед, безбедност во сообраќајот, еколошки навики и креативно учење. Настанот е наменет за деца на возраст од 3 до 10 години и нивните родители од цела територија на Општина Гази Баба. Вклучувањето на семејствата ќе овозможи создавање на силна заедничка атмосфера и промовирање на здрав и активен стил на живот.
Настанот треба да ги опфати следните активности :
За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик, ќе се користат средствата на Буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година од потпрограмата Р1 –животна средина, конто 464990 други трансфери во вкупен износ од 150.000,00 денари.
Општина Гази Баба со претставникот на најдобрата понуда ќе склучи Договор за организација на настанот Вело Родео.
Средствата ќе бидат исплатени по доставување извештајот за реализација на настанот.
Настанот треба да се реализира на 5 Јуни 2025 година на плоштадот Фили II во Општина Гази Баба.
Рокот за доставување на Извештајот за реализација на настанот е 15 Јуни 2025 година.
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
Оценувањето на пристигнатите предлози за проекти, ќе го врши комисијата формирана од Градоначалникот на Општина Гази Баба , врз основа на следните критериуми:
Критериуми за оценување | бодови |
1. Организациска структура и ресурси | 40 |
1.1. Капацитет на Организацијата во однос на човечки ресури за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица) | 10 |
1.2. Стручност на лицата кои учествуваат во спроведување на проектот | 10 |
1.3. Искуство на Организација на спроведување на проекти од таков обем во соодветната област | 10 |
1.4. Просторна и техничка опременост на Организацијата за спроведување на проектот | 5 |
1.5. Способност за раководење со буџетот (дали годишниот буџет на здружението на граѓани и фондација за последната календарска година ја надминува висината на грантот) | 5 |
2. Квалитет на проектот | 60 |
2.1. Колку општата цел на проектот ќе придонесе кон реализација на дадените приоритети, колку е јасна и соодветнo определена | 15 |
2.2. Понудени квалитетни и иновативни решенија за реализација на проектните цели | 20 |
2.3. Детално разработени програмски активности | 10 |
2.4. Оценка на оправданоста на трошоците на предложениот финансиски план (реалистичен буџет во однос на активностите и бројот на ангажирани лица, опис на трошоци по позиции и колку тие соодветствуваат со пазарните цени) | 10 |
2.5. Оценка за учество на организацијата во предвидениот Проект со финансиски средства обезбедени од сопствени и други извори (за сопствено учество од 15%. Апликантот добива максимум 15 бодови) | 5 |
Максимален број бодови | 100 |
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
Покрај пријавата која што треба да биде пополнета (дигитално со печатни букви на кирилично писмо), потпишана од надлежното лице и заверена со печат на здружението, фондацијата, трговското друштво, установата или маркетинг агенцијата апликантот задолжително треба да ги достави следниве прилози:
Напомена: Пријавите со непотполна документација или кои што ќе бидат доставени по iстекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.
За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот со Решение ќе формира Комисија.
Комисијата ќе биде должна да изврши увид во пристигнатите предлог проекти, да изврши оценка на апликациите врз основа на критериумите дефинирани согласно Јавниот повик и да достави предлог за склучување на договор со здружението чиј проект е најдобро оценети до Градоначалникот.
Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и достават во печатена форма, и електронска форма на УСБ во PDF формат, до Архивата на општина Гази Баба, ул.“Архимедова” бр.2, најдоцна до 16 часот на 20 Мај 2025 година.
Електронската верзија на докуметацијата треба да се достави и на следната e-mail адреса: Nikola.Jovanovski@gazibaba.gov.mk.