Денеска градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ кој се наоѓа во Општина Гази Баба – современ објект во кој 1.150 студенти ќе имаат достоинствени услови за живеење, учење и градење на својата иднина.
Со поддршка од Германската развојна банка и Европската Унија, како и со посветената работа на институциите, студентите добиваат 1.150 легла во обновени простории, а наскоро капацитетот дополнително ќе се зголеми.
Овој проект е јасен доказ дека младите се приоритет за Владата и дека вложувањето во нивната иднина се потврдува со конкретни дела.
Квалитетното образование оди рака под рака со добрите услови за студентски живот – со простор во кој младите ќе можат да се посветат на своите обврски, да напредуваат и да ги остваруваат своите соништа.
Објектот е прекрасен и упатувам искрени честитки до сите што придонесоа за неговата реализација. Честитки до Владата, Министерството за образование, директорот на Државниот студентски дом, изведувачот..
На студентите им посакувам успешно студирање, многу положени испити и незаборавни студентски денови.
Нивното знаење, труд и успех се силата со која ја градиме иднината на Македонија!