По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, градоначалникот Бобан Стефковски положи свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Методија Андонов – Ченто во населбата Ченто, оддавајќи почит кон сите борци кои своите животи ги вградија во темелите на слободна и независна Македонија.
Овој ден е симбол на победата на слободата над тиранијата, на достоинството над неправдата и на човечноста над фашизмот.
Методија Андонов – Ченто останува вечен симбол на македонската борба за правда, државност и национално достоинство. Неговото дело и жртва нè потсетуваат дека слободата никогаш не била подарок, туку избор и жртва на храбрите поколенија пред нас.
Нека е вечна славата на хероите!
Нека е вечна Македонија!